Аплицирај за Еразмус+ проекти во Шпанија, Полска и Романија

Нашата организација е партнер во 4 Еразмус+ проекти од кои 2 во Романија и по еден во Полска и Шпанија. Проектите им даваат можност на младинци од Македонија на возраст од 18-30 години да престојуваат во овие земји од 6-12 месеци (во зависност од проектот). Сместувањето, храната, превозот, визата и сите трошоци поврзани со престојот во овие земји се бесплатни и покриени преку програмата Еразмус+. Волонтерите плус добиваат и месечен џепарлак.

За возврат волонтерот треба да работи/волонтира (30-35 часа неделно) на општествено корисен проект со кој би се помогнало на локалната средина во која волонтерот ќе живее и каде што ќе ги спроведува своите активности.

Не се потребни никакви предзнаења, квалификации или дипломи. Значи не мора да имате завршен факултет, препорака од политичка партија или вујко ви да е владика, а не треба ниту да сте скептични и да не се пријавите доколку сте заинтересирани. Дури не се бара ниту познавање на англиски јазик. Единствено потребна е мотивација, посветеност и желба за работа во мултикултурен тим.

Учесниците на проектите добиваат сертификат Youthpass издаден од Европската Комисија и валиден во сите земји членки на ЕУ. Може да се користи како составен дел од CV при аплицирање за работа или запишување на Универзитет во странство.

  • Проектот број 1 во Романија е од 06.05.2019 – 05.05.2020 во траење од 12 месеци. Повеќе информации за проектот ОВДЕ!
  • Проектот број 2 во Романија е од 01.06.2019 – 01.12.2019 во траење од 6 месеци. Повеќе информации за проектот ОВДЕ!
  • Проектот број 3 во Полска е флексибилен за почнување и зависи од слободното време на волонтерот а е во траење од 12 месеци. Повеќе информации за проектот ОВДЕ!
  • Проектот број 4 во Шпанија е од 01.03 – 31.12.2019 во траење од 10 месеци. Повеќе информации за проектот ОВДЕ!

Нашата организација до сега има испратено повеќе волонтери на вакви проекти во Турција, Полска, Романија а моментално имаме и две волонтерки на проект во Словенија. Имаме искуство да ви помогнеме полесно и побрзо да го поминете апликативниот процес за виза. Доколку се јават непредвидени ситуации и околности ние ќе ве советуваме како да постапите и ќе ви дадеме поддршка доколку ја побарате. Доколку имате прашања слободно контактирајте ги нашите членови кои и самите биле волонтери, Филип (filip@pavelsatev.org.mk) во Полска а Бранко (branko@pavelsatev.org.mk) во Турција.

Аплицирате на тој начин што ги контактирате Филип или Бранко на Facebook или на е-маил. Доколку тие видат дека имате вистинска мотивација вашиот контакт го предаваат на организаторите на проектот и вие контактирате директно со нив. Доколку организаторот вас ве избере ние продолжуваме соработка за вас за ваша подготовка за заминување.

Постои можност организаторот да побара од вас CV и мотивационо писмо. Доколку можете подгответе ги сами. Доколку не сте сигурни побарајте помош од Филип и Бранко.

Рокот за апликација е отворен се додека не се изберат вистинските волонтери. Им посакуваме среќа на сите апликанти.

You may also like...