Capture the nature – Метони, Грција 01-07.09.2018

Младинската размена “Capture the nature” беше одржана од 1ви до 7ми Септември 2018та година во Метони, Грција. Два месеци после проектот планирани се работилници во земјите учеснички меѓу кои и нашата.

Партнерите во овој проект доаѓаат од Грција, Полска и Македонија.

Креативноста и претприемништвото се карактеристики на младите. Зато што младоста е период кога визијата за иднината се кристализира и станува појасна, вистинската информација се претвара во надеж. Во оваа младинска размена, новинарството и културата за читање дневни весници се едни од медија алатките кои денес секојдневно се користат за да ги охрабрат креативноста и претприемништвото кај младите, ќе се овозможи младите да испитуваат, истражуваат, поставуваат прашања, да презентираат и да имплементираат сопствени идеи.

Целта на проектот е младинците да го откријат и стимулираат нивниот претприемнички и креативен дух во полето на новинарствотопреку осознавањето на нивните индивидуални вештини и интереси и давајќи им шанса да ги испробаат своите научни, културни, социјални, уметнички, психолошки и останати видови вештини.

Во текот на проектот сите учесници ќе научат за фазите на изготвување весник и најважните карактеристики на едно ценето списание и почитуван медиум. Учесниците ќе станат посвесни за неопходноста од активното учество во општеството и што значи да се биде објективно и навремено информиран.

Целите на проектот се:

  1. Да се поттикне претприемништвото кај младите преку доделување на активна улога
  2. Да се развијат истражувањето и поставувањето прашања како алатки и критичката мисла кај младите
  3. Да им се овозможи на младите да се стекнат со искуство како еден весник се создава од планирање до издавање
  4. Да се зголеми свеста кај младите за следење на настани од нивно значење
  5. Да им се овозможи на младите учество во групни активности со што ќе им се зголеми искуството и самодовербата
  6. Да се зголеми соработката и комуникацијата помеѓу организициите кои работат во полето млади на Европско ниво
  7. Да се размени искуство и идеи за соработка помеѓу весниците на организациите.

За време на младинската размена нашите претставници: Јордан Илиевски, Благој Апостоловски, Костадин Рунчев, Иван Гацов, Кире Соколовски, Марио Паунов, Владимир Стојановски и Маја Велкова предводени од лидерот на групата Благој Ристов учествуваа во изготвување на брошура со текстови кои можете да ги прочитате на англиски на следните линкови:

http://evec.org.gr/2019/01/02/interview-with-locals/

You may also like...